Линкови за пристапност

Хојт Ји: Ако не се поправи штетата од аболицијата, земјата ќе заглави во кризата

  • Борјан Јовановски

Заменик-помошникот државен секретар на САД смета дека селективната работа на аболицијата ќе придонесе за загрижувачката ситуација на неказнивост

Заменик-помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји порача што е можно поскоро политичките лидери да ја поправат штетата од одлуката за аболиција оти ги поткопува владеењето на правото и принципот на одговорност.

„Главната тема на која разговарав со политичките лидери и со претставниците на меѓународната заедница беше политичката криза која трае над една година, односно како да и се помогне на земјата да излезе од кризата и да се врати на евроатлантскиот пат, да ја зацврсти економијата, како и да креира работни места за граѓаните на Македонија“, изјави Хојт Ји, по средбата со политичките лидери во Скопје.

Хој Ји нагласи дека на сите состаноци разговарал за аболицијата на претседателот, која го нарушува владеењето на правото и принципот на одговорност.

“Аболицијата не само што го поткопа владеењето на правото туку и кредибилноста на земјата, која е аспирант за влез во евроатлантските институции“, рече Хојт Ји.

Тој потенцираше оти е многу важно лидерите да работат да ја поправат штетата направена од ова на начин кој е чист, сеопфатен и многу јасен.

„Доколку лидерите работата на аболицијата само селективно, тоа само ќе придонесе за загрижувачката ситуација на неказнивост. Одговорноста исто така подразбира партиите и лидерите на земјата, во целост да ја поддржат работата на институциите кои придонесуваат во демократијата, вклучувајќи го и владеењето на правото, кои се одговорни за индициите за криминал од прислушуваниот материјал. Во спротивно, Македонија ќе остане заглавена во оваа криза“, изјави Хој Ји.

XS
SM
MD
LG