Линкови за пристапност

Една од најграндиозните фигури во американското новинарство, и уредник на Вашингтон пост за време на скандалот Вотергејт, почина на 93 години.

Почина Бен Бредли, една од најграндиозните фигури во американското новинарство.

Бредли, поранешен извршен уредник на Вашингтон пост, кој раководел со покривањето на скандалот Вотергејт што доведе до соборување на претседателот Ричард Никсон, имаше 93 години.

Бредли починал во неговиот дом во Вашингтон, од природна смрт.

Бен Бредли се искачи до слава во раните 1970-ти – најпрвин со водење на законската битка на Пост и Њујорк тајмс што кулминираше во Врховниот суд со пресуда дека весниците можат да продолжат да ги објавуваат Документите од Пентагон – тајни владини извештаи за американската инволвираност во Виетнам.

Потоа, тој ја надгледуваше истрагата на Пост по провалата во Хотелот Вотергејт во Вашингтон ДЦ. Неговата соработка со младите новинари Боб Вудвард и Карл Бернстаин на крајот го соборија претседателствувањето на Никсон и го воспоставија Вашингтон пост како еден од најугледните светски весници.

Доналд Грем, поранешен издавач на Пост, го нарече Бредли „најдобар уредник на американски весник на неговото време“.

Мајката на Доналд Грем, Кетрин Грем, беше издавач на Вашингтон пост за времето на Бредли.

Славата на Бредли со Вотегрејт беше запечатена со филмот Сите луѓе на претседателот, во кој тој беше портретиран од актерот Џејсон Робардс.

По пензионирањето, Бредли напиша мемоар со наслов Добар живот во 1995 и доби Медал на слободата од претседателот Барак Обама, минатата година.

Во соопштение на Белата куќа, Обама го нарече Бредли „вистински новинар“кој верувал дека новинарството било „јавен добар пулс на нашата демократија“.

XS
SM
MD
LG