Линкови за пристапност

Двајца осомничени терористи денес пред суд во Канада


Две лица обвинети за заговор за терористички напад на канадски патнички воз во вторник ќе се појават пред суд во Торонто.

Сослушувањето за кауција на 30-годишниот Чихеб Есегхаер и 35-годишниот Раед Џасер, кои се обвинети за планирање напад на патнички воз во областа на Торонто, го планирале нападот со помош на елементи на ал-Каида во Иран. Иако тие веруваат дека двајцата имале „способност и намера“ да го изведат нападот, истражителите велат дека нема непосредна опасност за јавноста или за вработените во железницата.

Канадската полиција кажа дека двајцата живееле во областите на Монтреал и Торонто и дека апсењето било помогнато од американските власти.

Заговорот не е поврзан со минатонеделниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон во САД.
XS
SM
MD
LG