Линкови за пристапност

Бостон со ѕвона ќе се огласи за жртвите од маратонот


Сериозна, но стабилна е состојбата на Џохар Царнаев, преостанатиот брат на дуото осомничени извршители на бомбашкиот напад, кој почнал писмено да одговара на прашања.

Жителите на Бостон, во североисточната сојузна држава Масачусетс, во понеделник во 2 часот и 50 минути попладне по локално време, со минута молчење ќе одбележат една недела од смртоносниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон, што однесе три животи и парализираше голем дел од градот подоцна неделата.

Ѕвона е планирано да ѕвонат низ Бостон и други делови на Масачусетс за да го одбележат настанот.

Во неделата, шефот на бостонската полиција кажа дека истражителите веруваат дека двајцата браќа осомничени во нападот планирале и други напади.

Комесарот на бостонската полиција Ед Дејвис за програмата „Соочете се со печатот“ на ЦБС телевизијата кажа дека се најдени примитивно изработени експлозиви по вооружената битка меѓу полицијата и браќата Царнаеви. Дејвис кажа дека местото било покриено со неексплодирани бомби и полицијата нашла една импровизирана експлозивна направа во возилото за кое браќата се обвинети дека го украле.

Постариот брат, 26-годишниот Тамерлан, бил смртно застрелан во престрелката во четвртокот, додека помладиот Џохар избегал, за да биде фатен жив, доцна во петокот.

Деветнаесетгодишниот брат останува хоспитализиран во сериозна состојба, под тешки седативи и со неможност да зборува, заради повредите што ги здобил додека бегал од полицијата. Сепак, властите велат дека тој започнал да одговара на прашања со пишување. Се` уште нема информации за тоа што напишал.

Градоначалникот на Бостон, Томас Менино, за програмата „Оваа недела“ на АБЦ телевизијата кажа дека Царнаев имал повреда од куршум во вратот и областа на грлото. Истражителите велат дека раната може да била и нанесена од самиот него.

Обвинителите се подготвуваат да поднесат обвинение против преостанатиот брат, кој ќе биде претставуван од јавен бранител.

Веб-страница користена од исламистичко движење основано од водечкиот чеченски милитант негираше секаква врска со смртоносното бомбардирање.

Двајцата осомничени се етнички Чеченци кои имигрирале во САД како деца. Тие се обвинети за детонирање две бомби на маратонот минатата недела, убивајќи три лица и повредувајќи 176.

Властите не дадоа индикации за тоа што ги мотивирало браќата. До сега, властите велат дека не веруваат дека браќата се поврзани со поголема терористичка мрежа и дека тие делувале сами.

Има информации дека Тамерлан Царнаев во 2012-та минал шест месеци во Дагестан и Чеченија, главно муслимански републики на северот на кавкаскиот регион на Русија со активни милитантни сепаратистички движења.

Американските истражители го интервјуирале Тамерлан на почетокот на 2011-та на барање на „странска влада“, што од американски официјални лица е потврдено дека била Русија.

Федералното истражно биро доцна во петокот издаде соопштение што индицира дека Тамерлан станал следбеник на радикалниот Ислам „и дека драстично се променил од 2010-та кога се подготвувал да замине од САД на патување во рускиот регион да се приклучи на неспецифицирани нелегални групи“.
XS
SM
MD
LG