Линкови за пристапност

Американскиот претседател ќе присуствува на заедничка миса за повеќе религии во Бостон, додека градот се справува со трагедијата од Бостонскиот маратон.

Известувачката за Гласот на Америка Керолин Пресути, која е во Бостон, вели дека претседателот носи порака на решителност и заедништво.

Во среда, ФБИ, федералните обвинители и бостонската полиција ги негираа широкораспространетите медиумски извештаи дека е извршено апсење во бостонскиот случај.

Тие учесници во истрагата им кажаа на новинските агенции дека видео од безбедносна камера покажало лице како носи, а потоа остава, црна торба во близина на местото каде подоцна двојна експлозија уби три лица и повреди 176 други на финишот на годишната трка.
XS
SM
MD
LG