Линкови за пристапност

Клинтон: Авганистан мора да направи реформи


Клинтон: Авганистан мора да направи реформи

Клинтон: Авганистан мора да направи реформи

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД се подготвени да го поддржат Авганистан, но дека јужноазиската држава мора да ги изведе реформите, да преземе одговорност за својата сопствена безбедност и да гради демократија што ќе произлегува од владеење на правото.

Клинтон зборуваше во понеделник, во германскиот град Бон, на глобалната конференција за иднината на Авганистан.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на конференцијата кажа дека по повлекувањето на трупите на НАТО од земјата во 2014, на Авганистан и натаму ќе му треба меѓународна помош за уште најмалку една деценија.

Карзаи на делегатите на конференцијата им рече дека Авганистан не сака да остане товар за великодушноста на меѓународната заедница. Сепак, тој рече дека сака, со негови зборови, „нашиот успех да биде извесен и напиот прогрес нереверзибилен“, дека на авганистанскиот народ „му треба вашата поддршка“ уште една деценија.

Делегатите од над 80 држави се во Бон за да се фокусираат на исцртување на курсот за Авганистан по повлекувањето на меѓународните борбени трупи во 2014-та.

Пакистан, што се смета за витален за секаква перспектива на стабилност во Авганистан, ја бојкотира средбата како одговор на нападот преку граница од страна на НАТО кон крајот на минатиот месец, во кој беа убиени 24 пакистански војници.

XS
SM
MD
LG