Линкови за пристапност

Реакциите во светот на литературата се поделени, но талентот на Дилан е непобитен

Низа бурни реакции предизвика одлуката на шведската Академија Боб Дилан да ја добие Нобеловата награда за литература. Од жирито доделувњето на наградата го оправдуваат со фактот дека Дилан успеал да „создаде нови поетски изразувања во рамки на големата традиција на американската песна“.

Сепак, пишувањето на Дилан е неодвоиво од неговата музика.

Но ставовите во книжевниот свет се поделени.

Стивен Кинг изјави дека е пресреќен што токму Дилан е добитник на наградата.

Повќе од педесет години, песните на Боб Дилан многу луѓе ги знаат напамет.

Blowin’in the Wind беше првата песна на Дилан која изврши огромно влијание врз американското општество. Објавена во 1963-та година во рамки на неговиот втор албум The Freewheeling Bob Dylan, набрзо стана химна на антивоените движења како и на движењата за граѓанските права.

Дилан настапи на прочуениот Марш за граѓански права во Вашингтон, во 1963-та. Но, тогаш не ја испеја Blowin’in the Wind. Таа песна беше изведена од друга фолк група, (Peter, Paul and Mary) што потоа успеа да ја крене песната на второ место на музичките топ листи.

Иако музиката на Дилан ги одбележа турболентните 60-ти години, сепак тој не сакаше да биде познат како пејачот на балади на протесните движења.

Албумот Another Side of Bob Dylan беше пресвртница за него и на некој начин дистанцирање од неговата песна која се пееше на протестите и првата фаза од неговата кариера, што го одведе до места до кои никогаш не очекувал дека ќе стигне.

Она што го прави Боб Дилан уникатен е фактот што неговата публика ја сочинуваат многу генерации, вклучително и милениумците.

XS
SM
MD
LG