Линкови за пристапност

Налепници за кожа- нови тестови на крв


Анализа на потта со налепница не е болна како со убод на игла, и резултатите се добиваат многу побрзо, тврдат научниците

Налепница за кожа може покаже дали сте дехидрирани, колкаво е нивото на шекер во крвта, дури и да открие болест, преку детектирање биолошки маркери во потта.

Потта содржи многу од биолошките маркери како и крвта, но, анализата на потта со налепница не е болна како со убод на игла, и резултатите се добиваат многу побрзо.

Првите вакви налепници се наменети првенствено за атлетичарите, но, набрзо се очекува да добијат поширока примена во медицината и во козметичката индустрија.

Точноста на налепниците била тестирана на две различни групи атлетичари.

Една група била тестирана во затворена просторија, додека друга учествувала во долга велосипедска трка во Аризона. Налепниците им биле залепени на раце и на грб.

Научниците откриле дека резултатите од биомаркерите на атлетичарите тестирани внатре се исти со резултатите добиени од конвенционалните тестови на крвта.

Преку атлетичарите кои биле надвор сакале да ја тестираат трајноста на налепниците. Резултатите од овие тестови, пак, покажале дека налепниците останале залепени на кожата и оти дале исти резултати како и тестовите на крвта.

Научниците велат дека предизвикот е да се најде начин како да се обезбеди пот, без да мора да се вежба, а се очекува ваквите тестови да станат достапни за корисниците за околу две години.

XS
SM
MD
LG