Линкови за пристапност

„Подобар агол“


Проектот ги менува запуштените соседства – улица по улица.

За само неколку часа едно саботно попладне, една празна продавница во запуштен кварт на 25-тата авенија близу центарот на Денвер се трансформираше во ресторан. Напуштена зграда до неа, пак, стана место за изнајмување на велосипеди. Благодарение на активистите од соседството, таму е динамично, барем денеска.

Инспирацијата доаѓа од националниот проект „Подобар агол“.

„Идејата е со малку пари да креирате вибрантна средина, без да барате грантови од милиони долари“, коментира архитектката Гоша Кунг. Таа е на чело на групата граѓани „Пешачка зона на Денвер“ која сака да покаже дека и најзапуштените соседства може да станат убави за живеење.

Во областа околу паркот Џеферсон, волонтерите поставиле клупи, засадиле дрвја и цвеќиња. Но, како што вели Кунг, се` е изнајмено и затоа мора да се врати назад, дури и дрвјата и цвеќињата!

Мери Меки е сопственичка на уметничко студио во овој дел на градот. Ја сака идејата за поубава улица, но се прашува дали жителите се подготвени за такви промени.

„Не мислам дека дрвјата и клупите би траеле долго. Или ќе бидат покриени со графити, или ќе бидат украдени“, сомничава е Меки.

Волонтерите, сепак, не се откажуваат.

„Соработуваме со сопствениците на локалните бизниси за да ја подобриме бизнис-климата, да собереме средства и поддршка - разубавувањето на соседствата да биде нешто повеќе од само еден ден“, раскажува Кунг.

Таа се надева дека возбудата што се создава за еден ден ќе води кон трајни промени на 25-тата авенија, но и другите улици во Денвер.
XS
SM
MD
LG