Линкови за пристапност

Блинкен и Нетанјаху ги повикаа земјите ширум светот да ги осудат нападите на Хамас


Државниот секретар Антони Блинкен и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повикаа земјите ширум светот да ги осудат смртоносните ненадејни напади на милитантната група Хамас, велејќи дека ова е момент за „борба меѓу доброто и злото“.

Говорејќи пред новинарите во Тел Авив во четвртокот, Нетанјаху му се заблагодари на Блинкен што дошол во Израел среде кризата и за поддршката на Америка, и одржа емотивен говор за нападите во кои загинаа повеќе од 1.000 Израелци.

„Палењето живи луѓе, обезглавувањата, киднапирањата на едно младо момче не само што е киднапирано, малтретирано, повредено, туку и болното прикажување на славењето на овие ужаси, славењето и величењето на злото. Претседателот Бајден беше апсолутно коректен кога ова го нарече апсолутно зло“, рече Нетанјаху.

Блинкен, претходно рече дека дошол во Израел во ова критично време како Евреин, и како сопруг и татко.

Блинкен рече дека нападите на Хамас влијаат на целиот свет.

„Погледнете што се случи – поединци од 36 земји убиени или исчезнати како последица на грозоморните напади. Европа, Азија, Африка и Америка - ниту еден регион не го избегнал крвавиот дофат на Хамас“, рече Блинкен.

Тој додаде дека 25 Американци се убиени во нападите, а тој број може да се зголеми.

XS
SM
MD
LG