Линкови за пристапност

Бившата Блеквотер ќе плати казна од 7,5 милиони долари


Iraq Blackwater 2004
Iraq Blackwater 2004

Обвинета за пружање на безбедносни услуги на Судан и извезување на муниција во Ирак и Авганистан, без да добие неопходно одобрение од американската влада.

Во договор со обвинителите, безбедносната компанија Академи ЛЛЦ, порано позната под името Блеквотер, ќе плати казна од 7,5 милиони долари во случајот што по пет години истрага го поднесе владиниот Оддел за правда, а во кој се товари за шверц на оружје и друг криминал.

Според документите објавени вторникот, компанијата е обвинета за 17 прекршоци, меѓу кои и незаконско доставување на сателитски телефони и пружање на безбедносни услуги на Судан, како и извезување на муниција во Ирак и Авганистан, без да добие неопходно одобрение од американската влада.

Судан е под американски санкции од 1997-ма поради поддршка на тероризмот и прекршување на човековите права.

Во 2010-та, Блеквотер, која најпрвин го промени името во Екс-и сервисис ЛЛЦ, веќе постигна еден договор со Стејт департментот да плати 42 милиони долари казна за слично обвинение.

Блеквотер беше најголемата приватна безбедносна фирма што САД ја најмија во Ирак, но се повлече од земјата во мај 2009-тата откако Стејт департментот одби да и` го обнови договорот.
XS
SM
MD
LG