Линкови за пристапност

Блекбери не функционира на четири континенти


Блекбери не функционира на четири континенти

Блекбери не функционира на четири континенти

Популарниот телефон Блекбери не работи и во Северна Америка, по Блискиот Исток, Европа и Африка.

Канадската компанија Research in Motion, која ги произведува телефоните во среда кажа дека решавањето на проблемот е нивни приоритет број еден. Компанијата вели дека проблемот бил предизвикан со „откажувањето на клучниот прекинувач“ во рамки на инфраструктурата на системот, и дека „резервниот прекинувач исто така потфрлил“.

Компанијата не кажа колку од 70-те милиони корисници на Блекбери се опфатени со проблемот.

Ова е трет ден без Блекбери услуги, што предизвика застој во датата на податоци што мора да биде исчистено кога сервисот одново ќе се воспостави.

Проблемот се случува само неколку дена пред конкурентната компанија Епл да го пушти во продажба својот најнов умен телефон, Ајфон 4-с.

XS
SM
MD
LG