Линкови за пристапност

Вредноста на биткоинот падна


На Интернет се шпекулира дека се работи за голема кражба изведена од хакери

Вредноста на виртуелната валута биткоин нагло падна во вторник, откако голема купопродажба на валутата преку Интернет неочекувано ја затвори веб-страницата.

Во исто време се шират гласини на Интернет дека хакери украле околу шест проценти од целокупната валута од берзата Mt. Gox exchange.

Операторот на дигиталната валута со седуште во Јапонија ја затвори веб-страницата и канцелариите не одговараат на барањата за коментар.

Порано месецов, Mt.Gox ги прекина повлекувањата на виртуелната валута заради „невообичаена активност“ што предизвика лути протести од инвеститорите.

Извештаите на Интернет велат дека хакери тајно краделе биткоини со години и дека Mt. Gox изгубила 744.000 биткоини од вкупно 12,4 милиони во моментов во промет.

Една од веб-страниците кои ја следат вредноста на биткоинот, Bitwat.ch, сегашната вредност ја поставува на помалку од 500 долари, што е намалување од над 1.200 во ноември.

Биткоин е една од неколкуте таканаречени криптовалути кои циркулираат во светот дозволувајќи им на поединци и компании да прават дигитално кодирани исплати без оданочување што обично го собираат финансиски компании.

Од претставувањето во 2009 биткоинот виде неколку нагли скокови и падови на вредноста.
XS
SM
MD
LG