Линкови за пристапност

Враните и папагалите можат да размислуваат логично.

Изреката „мозок како на птица“ нема повеќе негативна конотација, според новото истражување за когнитивните способности на птиците.

Европски научници објавија дека враните и папагалите можат да размислуваат логично, да се распознаваат себе си во огледало и да чувствуваат емпатија, што е способност „софистицирана и разновидна како онаа кај мајмуните.“

Мозоците на птиците немаат неокортекс, структура во мозокот на цицачите што ги контролира когнитивните способности. Тие се исто така и многу помали од мозоците на мајмуните. Како можат да извршуваат одредени задачи на ист начин како мајмуните? Онур Ѓунтуркун од Универзитетот Бохум Рур сугерира дека различни механизми за сложени процеси независно се развиени кај птиците и цицачите.

Објавено во „Трендови на когнитивната наука“, тој и Томас Бугњар од универзитетот во Виена, изјавиле дека иако два мозока имаат различна структура, има сличност во архитектурата на мозокот. Двете групи имаат пред-фронтална структура на мозокот која ги контролира сличните функции за сложени дејствувања. Авторите сугерираат дека нивниот развој одел по иста линија, бидејќи и двете групи на животни се соочуваат со исти предизвици. Заклучокот е дека ниту повеќеслојната кора на мозокот, ниту голем мозок се потребни за сложени ментални способности.

XS
SM
MD
LG