Линкови за пристапност

Бајден ќе ги посети Грција и Турција


Бајден ќе ги посети Грција и Турција

Бајден ќе ги посети Грција и Турција

Подоцна неделава потпретседателот Џо Бајден ќе замине на патување во двете земји што ќе се фокусира на политички и економски прашања

Патувањето на потпретседателот Бајден во Турција и Грција е планирано за подоцна неделава. Белата куќа соопшти тентативен распоред на настаните и темите на дискусија.

Во петок, потпретседателот ќе се сретне со турските лидери во Анкара. Разговорите ќе се однесуваат на натамошната поддршка во борбата против тероризмот на ПКК, како и на проширување на трговските врски меѓу САД и Турција.

Турските и американските лидери најверојатно ќе ја ревидираат ситуацијата во Сирија, Авганистан и претстојните преговори за Кипар. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун треба да ги донесе двете страни на преговарачка маса во јануари.

Во сабота, потпретседателот Бајден застанува во Истанбул каде ќе се обрати на Самитот на глобално претприемаштво.

Во понеделник потпретседателот патува за Грција за прва средба на администрацијата со премиерот Лукас Пападемос.

Бајден ќе се сретне и со грчкиот претседател Карлос Папуљас на кого ќе му изрази натамошна американска поддршка за грчките напори за имплементирање на економските промени.

XS
SM
MD
LG