Линкови за пристапност

Од бездомник до режисер


Бездомници нудат не само приказна и инспирација за филм, туку се и протагонисти и луѓе зад камерата.

Патот од бездомник до режисер може да изгледа нереален, но тоа е животот на Левестер Грин. Тој деновиве ја завршува обуката за усовршување на техничките операции за режирање филмови, организирана од уличниот весник во Вашингтон.

Првиот филм на кој работел всушност бил за него и за неговиот живот на улица. Грин објаснува како се` почнало:

„Отсекогаш сакав да раскажувам за нешто. Дали за детството, за некој неостварен сон... Но, тоа не се случи додека не дојдов во уличниот весник „Street Sense“. Тие рекоа, зошто некој друг да раскажува за твојот живот, кога тоа најдобро можеш да го направиш самиот“.

Левестер Грин, заедно со поранешни и сегашни бездомници, досега снимиле шест различни документарци.

„Прекрасно е чувството да бидете во можност да правите приказни и за други луѓе. Сакам да пишувам за сите аспекти на животот“, вели тој.

Менаџерот за продажба на „Street Sense“ Џеф Греј ја објаснува другата страна на проектот. Тој ни кажа дека биле собрани донации за испраќање на обука десеттина бездомници во локалната телевизија на Вашингтон.

Десет недели тие ги учеле техничките операции на камерите, уредување на видео и продукција. Потоа обуката може да ја стават во нивното резиме, што може да им послужи да најдат работа.

Многумина нашле.

Освен на филм, Греј вели дека бездомници и поранешни бездомници наскоро ќе можат да бидат вклучени и при работа во театар, илустарции и дигитален маркетинг, се` со цел нивните животи да ги раскажат со сопствени зборови, преку сопствени чувства.

XS
SM
MD
LG