Линкови за пристапност

Берлускони ќе даде оставка


Берлускони ќе даде оставка

Берлускони ќе даде оставка

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се очекува да си даде оставка откако парламентот усвои круцијални економски реформи со цел да се стабилизира италијанската економија.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано соопштението го даде само неколку часа откако Берлускони доби круцијално гласање за буџетот во парламентот во вторник, но ја загуби поддршката на мнозинството законодавци за неговата ослабена влада.

Додека 308 законодавци гласаа во корист на буџетскиот закон, други 321 законодавци апстинираа. Никој не гласаше против.

Тоа значеше дека Берлускони не успеал да собере 316 гласови колку што му биле неопходни да добие мнозинство за парламентот да ја поддржи неговата економска реформа.

Италија е трета најголема економија во еврозоната и седма најголема во светот. Но таа се соочува со потенцијална економска криза предизвикана од се` поголемиот јавен долг.

На гласањето се гледа како на тест на довербата кон неговото политичко лидерство.

Откако повеќе од половина од парламентот одби да гласа, опозицијата веднаш побара Берлускони да ја напушти функцијата.

Неговата оставка ќе прекине долга и напати турбулентна политичка кариера.

XS
SM
MD
LG