Линкови за пристапност

Армискиот наредник држен од Талибан во Авганистан речиси пет години, се врати во САД.

Американски официјални лица велат дека Бо Бергдал, кој беше третиран во воена болница во Германија, рано во петокот пристигнал во медицинскиот центар во Сан Антонио, Тексас.

Дваесет и осумгодишниот Бергдал беше ослободен пред две недели кога американскиот претседател Барак Обама се согласи на размена на затвореници, ослободувајќи петмина осомничени талибански терористи од американскиот воен затвор во Гвантанамо, Куба, и испраќајќи ги во Катар, кои се согласиле да ги држат таму една година.

По почетната еуфорија во САД во врска со ослободувањето на Бергдал, неговиот случај генерираше интензивна национална дебата. Некои американски законодавци велат дека веруваат оти ослободените затвореници од Гвантанамо со време ќе сакаат да нанесат штета на САД на некој начин, додека други го критикуваа претседателот за игнорирање на американскиот закон кој бара Конгресот да биде информиран за ослободување на затвореници од Гвантанамо 30 дена пред тоа да се случи.
XS
SM
MD
LG