Линкови за пристапност

Османоски: Со гордост настапувам под македонското знаме


Османоски: Со гордост настапувам под македонското знаме
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Османоски: Со гордост настапувам под македонското знаме

Стружанецот Бени Османоски, светски шампион во тај-бокс, вели дека „најтежок“ проблем му е диетата.

Македонец, а светски првак во својот спорт. Тоа е Бени Османоски, од струшкото село Октиси, кој во боксерскиот ринг веќе неколку години предизвикува страв кај своите противници. Тој е актуелен светски шампион во тајландски бокс, а светската титула во К1-кик бокс, која ја освои пред неколку месеци, ќе се обиде да ја одбрани во септември годинава. Карактеристично за тај-боксот е што покрај со раце, во борбата можат да се користат и нозете.

Османоски вели дека со гордост настапува под македонското знаме. Овој спортист има освоено и неколку европски титули, како и четири титули - шампион на Швајцарија. За патот до успехот, со него разговаравме во родната Струга, кадешто често доаѓа.

„Беше тешко додека стигнав до овде каде што сум сега. Сега за мене е лесно, бидејки веќе сум на врвот, но со мотивација и со неоткажување, сето време го инвестирав во тоа. Секоја минута ја користев за трениг. Сонував за она што го имам денес. Во овој спорт нема крај, сакам уште повеќе и повеќе.“,вели Османоски.

Потекнува од просечно македонски семејство, а од 2006-та година, наваму, живее во Швајцарија. Вели дека како на шега почнал да се занимава со спорт.

„Како на шега со колеги овде од Македонија. По еден месец тренинг ја имав мојата прва аматерска борба во Струга што ја добив во нокаут во 18 секунда. Сега ми стана професија од којашто и живеам“, додава тој.

За Гласот на Америка открива дека слаба страна му е македонската кујна.

„Тоа ми е најтежок проблем. Тоа ми е потешко отколку да се подготвам за борба. Кога доаѓам овде сигурно имам дополнителни 8-9 килограми. Морам да држам многу диети, да внимавам на се`“, вели Османоски.

Тренира редовно, секој ден, па дури и одморот во Струга го користи за одржување на својата форма. Вели дека спортот го научил на дисциплина и почит кон луѓето. Од вкупно 58 борби, добил 51, од кои, 35 со нокаут. Желба му е да боксува со американскиот кик-боксер, Сајмон Маркус.

XS
SM
MD
LG