Линкови за пристапност

САД го уапсија клучниот осомничен од нападот на Бенгази


Претседателот Барак Обама дал зелено светло за операцијата „сега ќе се соочи со целата тежина на американскиот правен систем“ .

САД го фатија клучниот осомничен во нападот на конзулатот во Бенгази, Либија, во 2012-та, кога беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други Американци.

Во вторник, Пентагон кажа дека единица на специјалци го уапсиле Ахмед Абу Каталах во неделата во близина на Бенгази. Се вели дека тој е држен на американски брод на морнарицата за испрашување и дека ќе биде пренесен во САД за судење во цивилен суд по обвиненија за убиство.

Претседателот Барак Обама кажа дека дал зелено светло за операцијата на фаќање на Каталах. Тој кажа дека наводниот терорист „сега ќе се соочи со целата тежина на американскиот правен систем“ .

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше врвен американски дипломат во време на нападот на Бенгази, кажа на ЦНН телевизијата дека се` уште бара одговори, нарекувајќи го инцидентот „збунувачко и тешко време“.

Таа кажа дека се надева оти апсењето на Каталах ќе даде одговори на прашања како – кој бил зад нападот и кој бил мотивот.
XS
SM
MD
LG