Линкови за пристапност

Американски амбасадор и тројца други убиени во Бенгази


Либиски официјални лица велат дека американскиот амбасадор во Либија и тројца вработени во конзулатот во Бенгази се убиени доцна во вторникот.

Убиството се случило кога демонстранти разлутени заради аматерскиот филм од американска продукција во кој се навредувал исламскиот пророк Мухамед, го нападнале американскиот конзулат во Бенгази.

Американскиот амбасадор Џеј Кристофер Стивенс, службеник во американската дипломатска служба и еден од најискусните американски пратеници во регионот, во државата бил помалку од четири месеци откако го прифатил местото во главниот град, Триполи, во мај.

Американскиот претседател Барак Обама во среда го осуди убиството на четворицата Американци.

„Тие ја претставуваа американската определба за слобода, правда и партнерство со нации и народи во цел свет, и се во контраст со оние кои бездушно ги одземаа нивните животи“, кажа Обама во соопштението. Тој го опиша Стивенс како „храбар и примерен претставник на САД“, кој несебично ги извршувал своите должности во текот на либиската револуција. "

Заменик министерот за внатрешни работи Ванис ал-Шариф кажа дека амбасадорот бил убиен „заедно со тројца други претставници“, потврдувајќи дека Стивенс бил во конзулатот кога бил нападнат.

Шариф на новинарите им кажал дека вооружена група извршила напад во „речиси самоубиствена“ мисија. Тој кажа дека американската мисија е „виновна“ за непреземање адекватни предострожни мерки.

Нема коментар од американскиот Стејт департмент или американски официјални лица.

Порано, американската државна секретарка Хилари Клинтон потврди дека само еден американски претставник бил убиен во нападот во Бенгази, што таа го осуди „со најостри зборови“.

Клинтон кажа дека некои сакаат да го оправдаат „ова насилничко однесување“ како одговор на потпалувачкиот материјал ставен на Интернет. Таа кажа дека САД осудуваат секој намерен напор за деградирање на религиозните верувања на други, но одби сакакво „оправдување на насилничките напади од овој вид“.

Во Египет, протестанти се искачиле на заштитните ѕидови на американската амбасада во Каиро, го скинале американското знаме и го замениле со исламски транспарент. Тамошните демонстранти, главно ултраконзервативни Исламисти, ги продолжиле протестите до раните утрински часови во среда.

Протестите биле поттикнати од гнев по филм за кој американските медиуми велат дека бил во продукција на Израелски Американед Сем Басил, кој Исламот го опишува како „рак“ и финансиран од експатријатски членови на египетската малцинска група Христијански Копти. Извадоци од филмот на англиски и арапски неодамна биле поставени на Јутуб.

Протестите коинцидираат со единаесеттата годишнина на терористичките напади на САД од 11 септември.
XS
SM
MD
LG