Линкови за пристапност

Голема анти-терористичка акција во Белгија


Уапсени 13 лица и запленето големо количество на оружје

Белгиските обвинители велат дека уапсиле 13 лица во серија рации низ земјата. Осомничените се верува дека биле членови на исламистичка група што планирала напади врз полицајци.

Властите соопштија дека нема очигледна поврзаност со минатонеделните напади во Париз. Но покрај овие 13, уште двајца осомничени се уапсени во Франција.

Обвинителите велат дека пронашле серија автоматско оружје, експлозиви и полициски униформи во апартман во градот Вервие, во близина на границата со Германија.

За време на вчерашната акција биле убиени две вооружени лица, но нивниот идентитет не е потврден.

Осомничените отвориле оган со приближувањето на полицијата. Престрелката траела неколку минути, а немало повредени меѓу полицајците.

Полицијата извела рации и на неколку други локации ширум Белгија, вклучувајќи го и Брисел.

Властите веруваат дека некои од екстремистите се вратиле во Белгија од Сирија.

Додека се чини дека новоуапсените не се поврзани со нападите во Париз, белгиската полиција вели дека чицето уапсено порано во четвртокот е под сомнение дека снабдувал оружје за Амеди Кулибали, кој усмрти четири лица во кошер супермаркетот во Париз.

XS
SM
MD
LG