Линкови за пристапност

Почина „доживотниот градоначалник“ на Вашингтон


Мерион Бери, истакнат активист за граѓански права, четири пати беше избран за градоначалник.

Мерион Бери Џуниор, активист за граѓански права кој стана градоначалник на Вашингтон Д.Ц. почина.

Бери имаше 78 години. Почина рано во неделата во вашингтонска болница.

Тој страдаше од низа здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес и рак на простата.

Бери бил близу до докторат по хемија во раните 1960-ти кога решил да работи полно работно време во движењето за граѓански права.

Прв пат тој беше избран за градоначалник на Вашингтон во 1978. Гласачите го вратија на функција уште три пати, со што го заработи прекарот „Доживотен градоначалник“. Додека беше на функцијата, Бери имаше успеси и неуспеси.

Во раните години, Бери добил признание како поборник за сиромашните, воспоставувајќи социјални програми вклучувајќи и летна работа за младите и програми за храна за постарите.

Во подоцнежните мандати, лошо работење доведе до тоа Бери да ја загуби контролата врз финансиите на главниот град, што отиде кај финансиски контролен борд формиран од Конгресот.

За време на третиот мандат на функцијата, репутацијата на Бери беше оцрнета со повеќе афери, дрога и алкохол.

Во јануари 1990, оженетиот Бери беше фатен на видео снимка за време на тајна операција на полицијата како пуши крек-кокаин со жена што не му била сопруга. Снимката и апсењето на Бери беше во меѓународни вести.

Бери беше осуден на шест месеци затвор за поседување дрога.

По излегувањето на слобода, Бери се пресели во еден од најсиромашните квартови во градот и беше избран за член на Градскиот совет на Вашингтон, за што се кандидираше со слоганот „Можеби не сум совршен, но јас сум совршен за Вашингтон“ .

Две години подоцна, тој доби и четврти мандат ккао градоначалник. Повторно служеше во градскиот совет до неговата смрт.

Бери бил оженет четири пати и има еден син.

XS
SM
MD
LG