Линкови за пристапност

Тајландските власти трагаат по лице осомничено за нападот во Бангкок


На снимка од безбедносна камера се гледа како остава ранец под клупата на којашто седи, а потоа се оддалечува од неа

Тајландскиот премиер Тајут Чан-оча информираше дека властите трагаат по осомничено лице забележано на снимка од безбедносна камера близу храмот Ераван во Бангкок, каде што во вчерашната експлозија загинаа најмалку 22 лица, а беа повредени 120.

Властите трагаат по лицето коешто на снимката остава ранец под клупата на којашто седи, а потоа се оддалечува од неа. Експлозијата се случила кусо време потоа.

Денес одекна нова експлозија во Бангкок, во близина на метро-станица. Полицијата соопшти дека мала експлозивна направа била фрлена од мост. На снимка од безбедносна камера може да се види како направата тоне во вода, а потоа и како експлодира. Во експлозијата немало повредени.

XS
SM
MD
LG