Линкови за пристапност

Националната безбол лига одлучи натпреварот меѓу тимовите на Балтимор и Чикаго да се одржи на празен стадион.

Безболот во САД постои 114 години, но натпреварот во среда навечер ќе биде уникатен – за прв пат во историјата љубителите на спортот нема да можат да го проследат мечот.

Неодамнешното насилство во Балтимор е причината за одлагање на претходно закажаните наптревари помеѓу Балтимор Ориолс и Чикаго Вајт Сокс во понеделникот и вторникот, а во градот, којшто се наоѓа на помалу од 60 километри од Вашингтон, на сила и натаму е полициски час.

Националната безбол лига донесе одлука натпреварот во среда да се одржи, но без публика, во интерес на безбедноста. Почетокот на мечот исто така, наместо во вечерните часови, ќе биде порано во денот.

Тоа значи дека ќе нема приход за околните киосци за храна и пијалоци, а единствено ќе бидат отворени пунктовите за медиумите.

Натпревари без публика биле играни, но не во безбол, туку во фудбал, особено во Европа, заради превенција од насилство поттикнато од навивачите, но е реткост граѓански немири да попречат спортски настани во САД. За време на немирите во Лос Анџелес во 1992-та по контроверзна судска одлука за наводна полициска бруталност, тимот на Лос Анџелес ја одложи закажаната средба со тимот на Монтреал. Во 1967-та пак, Ориолс го одложија мечот со Детроит Тајгерс, заради немирите во Детроит.

XS
SM
MD
LG