Линкови за пристапност

Сослушување на војникот инволвиран во авганистанскиот масакр


Американскиот војник обвинет за убиство на 16 авганистански селани во март, во понеделник за прв ќе биде сослушан.

Американскиот војник обвинет за убиство на 16 авганистански селани во инцидент пред зори во март за прв пат во понеделник се појавува пред воен суд.

Наредникот Роберт Бејлс ќе има прелиминарно сослушување во база во американската држава Вашингтон. Распитот се очекува да трае две недели и ќе вклучи видео сведочење од сведоци во Авганистан.

Постапката треба да определи дали Бејлс ќе биде изведен на судење пред воен суд. Доколку биде осуден може да добие смртна казна. Американската армија не изрекла смртна казна за член на армијата последниве пет децении.

Американските сили платија компензација на семејствата на убиените и на ранетите во нападот. Бејлс, за време на инцидентот, бил на своето четврто распоредување, по три претходни во Ирак, каде извештаите велат дека претрпел повреда на мозокот.
XS
SM
MD
LG