Линкови за пристапност

Американскиот војник соочен со обвинение по 17 основи


Американски официјални лица велат армискиот водник Роберт Бејлс се очекува да биде формално обвинет во петок по 17 основи на убиство во масакр на авганистански цивили за време на стрелање во две села во јужната провинција на Кандахар.

Официјални лица велат дека тој исто така ќе се соочи со шест основи за напад поврзани со инцидентот од 11 март.

Бејлс, 11-годишен армиски ветеран, е држен во армиски притвор во Канзас. Тој наводно пеш отишол од неговата база во ноќта, кога убил девет деца и осуммина возрасни.

Роднините на убиените Авганистанци бараат судењето на Бејлс да се одржи во Авганистан.

XS
SM
MD
LG