Линкови за пристапност

Секретарот за сообраќај на САД апелира за усвојување на законот за финансирање на авијацијата


Секретарот за сообраќај на САД апелира за усвојување на законот за финансирање на авијацијата
Секретарот за сообраќај на САД апелира за усвојување на законот за финансирање на авијацијата

Американскиот секретар за сообраќај Реј ЛаХуд го повика Конгресот да го усвои законот за финансирање на Федералната воздухопловна администрација што ќе врати на работа 74.000 луѓе.

Агенцијата е делумно затворена од сабота, откако законодавците не се согласија за продолжување на авторизирањето за оперирање.

Околу 4.000 вработени на администрацијата се на неплатен одмор. Затворањето исто така влијае на градежните проекти кои вработуваат околу 70.000 работници.

ЛаХуд на новинарите во четврток им кажа дека градежната индустрија веќе страда од висока невработеност и дека „ова не е време да се отпуштат од работа 70.000 луѓе“.

Тој забележа дека затворањето ја чини владата околу 200 милиони долари неделно заради несобраните даноци од авионски летови.

Но тој кажа дека патувањето во САД е безбедно, зашто отпуштените вработени се истражувачи или друг тит работници кои не се инволвирани во секојдневниот воздушен сообраќај. Тој кажа дека сите контролори на летање во четврток биле на работа како обично.

Законодавците не го усвоија документот за финансирање заради несогласност меѓу демократите и републиканците по неколку прашања. Едно од поголемите прашања е провизијата што ќе направи потешко работниците во авиосообраќајот и железницата да се организираат во синдикати. Друга контроверзна провизија би ги намалила дотациите за аеродромите во руралните области.

XS
SM
MD
LG