Линкови за пристапност

Американска осигурителна компанија вели дека неколку луксузни или близу до луксузни автомобили од средна големина покажале лош перформанс на тест на судири.

Осигурителниот институт за безбедност на патиштата издаде соопштение дека само три од 11 возила добиле добар или прифатлив рејтинг. Акура ТЛ и Волво С60 добиле добри оценки, додека Инфинити Г е оценето како прифатливо. Институтот кажа дека структурно, Волво С60 се покажало како најдобро возило.

Акура ТСХ, БМВ 3, Линколн MKЗ и Волксваген ЦЦ заработиле маргинални оценки. Мерцедес Бенз Ц, Лексус ИС 250/350, Ауди A4 и Лексус EС 350 се покажале лошо. Мерцедес Бенз кажа дека не се согласува со рангирањето. Тојота, која е сопственик на марката Лексус, вели дека ги прифаќа резултатите.

Тестираните автомобили се модели од 2012 година.
XS
SM
MD
LG