Линкови за пристапност

Заложничка ситуација во Сиднеј


Вооружено лице држи непознат број на заложници во кафуле; петорица успеаја да избегаат

Се` уште трае заложничата криза во Сиднеј што започна утрово по австралиско време.

Пет лица успеаја да избегаат од кафулето Линд во деловниот дел на градот каде вооружено лице држи непознат број на заложници. Според проценките, нивниот број се движи од 10 до 25.

ТВ-камерите на местото на настанот забележаа вработен во кафулето и двајца муштерии како трчаат во правец на полицијата којашто го обиколи ресторанот и ја запечати областа. Подоцна, уште две лица избегаа од зградата каде се наоѓа кафулето.

Евакуирани се канцелариите во непосредна близина. Познатиот објект на Операта во Сиднеј, на само неколку блока од кафулето, исто така беше евакуиран, откако властите соопштија дека таму бил пронајден сомнителен предмет.

Заложниците во кафулето стојат

свртени кон излогот на кафулето, со рацете на стаклото. Од излогот може да се види и црно знаме со арапски текст на него. Нема информации за повредени во заложничкатаситуација што трае од 9:45 часот наутро по австралиско време. Во еден момент можеше да се види и лицето за коешто смета дека ги држи заложниците. Тој носи бела кошула со црн елек и има некаков вид на оружје.

Според полициски портпарол, бил воспоставен контакт со ова лице,но полициските преговарачи не успеале да дознаат за неговиот мотив.

XS
SM
MD
LG