Линкови за пристапност

Циклонот Деби ја погоди Австралија


Илјадници лица се евакуирани

Моќниот циклон Деби го погоди североисточниот дел на Австралија, а властите предупредуваат на деструктивни ветришта и поројни дождови.

Невремето најпрво го зафати пределот во близина на плажата Еарли, по што во текот на денот ја загуби силата. Сепак во вторникот вечер по локално време, ветрот беше со брзина од 155 километри на час.

Началникот на полицијата во Квинсленд, изјави дека жителите треба да бидат подготвени за информации за штети, повредени, а можеби и смртни случаи.

Претходно, Австралиското метеролошко биро предупреди за ветер од 262 километри на час во близина на островот Хамилтон. Во меѓувреме, долж крајбрежјето беа евакуирани илјадници лица.

Метеоролозите додаваат во одредени предели можни се 50-тина сантиметри дожд, по што неделава би следеле големи речни поплави.

XS
SM
MD
LG