Линкови за пристапност

Златен конгресен медал за Ан Сан Су Чи


На Ан Сан Су Чи добредојде во Гласот на Америка и` посака директорот Дејвид Енсор
На Ан Сан Су Чи добредојде во Гласот на Америка и` посака директорот Дејвид Енсор

Конгресот и` го додели највиското одликување уште во 2008-ма, но таа не можеше да го прими бидејќи беше во куќен притвор во Бурма.

На бурманската поборничка за демократија и човекови права Ан Сан Су Чи денес ќе и` биде врачено највисoкото одликување на Конгресот на САД.

Американскиот пратенички дом уште во 2008-ма одлучи да и` го додели Конгресниот златен медал, но таа беше во домашен притвор и не можеше да го прими одликувањето.

Ан Сан Су Чи подоцна денеска ќе се сретне и со претседателот Барак Обама.

На интервју во Гласот на Америка
На интервју во Гласот на Америка
За време на вчерашната посета и интервјуата во Гласот на Америка, 66-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир подвлече дека патот кон демократската иднина на Бурма нема да биде прав се` додека и армијата не даде целосна поддршка. Таа најповеќе е загрижена за уставната одредба што ја создаде воената хунта, а
Во посета на Бурманска редакција на Гласот на Америка
Во посета на Бурманска редакција на Гласот на Америка
што дозволува армијата да презеде контрола врз владата кога смета декa тоа е потребно. Па сепак, таа му одаде признание на претседателот Теин Сеин, инаку поранешен генерал, затоа што започна демократски реформи откако стапи на функцијата минатата година. Оттогаш - наваму, владата ослободи стотици политички затвореници, а понеделникот соопшти дека ќе ослободи уште 500 кои се нашле зад решетки за време на петте децении на армиското владеење.

Владите на западните земји одговорија со кревање на голем број економски санкции.

Ова е прва посета на Ан Сан Су Чи на САД по излегувањето од домашен притвор во 2010-та.
XS
SM
MD
LG