Линкови за пристапност

Активисти: најмалку 860 загинати во досегашните напади под американско раководство во Сирија


Авион, што учествува во акциите против Исламската држава во Сирија и Ирак, полни гориво додека е во лет. Фотографија на Военото воздухопловство на САД

Авион, што учествува во акциите против Исламската држава во Сирија и Ирак, полни гориво додека е во лет. Фотографија на Военото воздухопловство на САД

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека вистинската бројка би можела да биде многу повисока, како и дека вклучува најмалку 50 цивили

Сириски активисти наведуваат дека во седумте недели, колку што траат воздушните напади под американско раководство, во Сирија загинале најмалу 860 лица, повеќе од нив припадници на милитантите на Исламската држава (ИД).

Сириската опсерваторија за човекови права, чиешто седиште е во Британија, денес соопшти дека вистинската бројка би можела да биде многу повисока, како и дека вклучува најмалку 50 цивили.

САД и коалицијата на други земји започнаа да ги напаѓаат позициите на ИД во Сирија кон крајот на септември, со тоа проширувајќи ја воздушната кампања против оваа организација во Ирак, каде милитантите зазедоа големи области во северниот и западниот дел на земјата.

Според статистичките податоци што ги објави Американската централна команда, коалициските авиони досега извршиле 350 воздушни напади во Сирија и 450 во Ирак.

Неколку напади беа врз организацијата Нусра фронт, поврзана со Ал-Каида. Сириската опсерваторија за човекови права, којашто го документира насилството во граѓанската војна во Сирија, наведува дека во тие напади загинале 68 припадници на Нусра.

XS
SM
MD
LG