Линкови за пристапност

Еквадор објави дeка му дава азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанџ, кој побара засолниште во амбасадата на државата во Лондон, кон крајот на јуни.

Одлуката што ја објави Министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо доаѓа среде засилени дипломатски тензии откако во средата Еквадор ја обвини Британија дека се заканува да упадне во амбасадата за да го уапси Асанџ. Британија предупредила дека ќе искористи закон што ќе и` дозволи да го отповика дипломатскиот статус на амбасадата.

Асанџ е баран од Шведска заради испрашување во врска со обвиненија за сексуален напад и Асанџ стравуваше дека доколку Британија го екстрадира, Шведска може да го испорача на САД каде би се соочил со обвиненија поврзани со објавувањето во 2010-та година на стотици илјади класифицирани документи, меѓу кои и дипломатски пораки на Стејт департментот за војните во Ирак и во Авганистан.
XS
SM
MD
LG