Линкови за пристапност

Викиликс ќе објави украдени разузнавачки документи


Викиликс ќе објави украдени разузнавачки документи
Викиликс ќе објави украдени разузнавачки документи

Пет милиони документи се украдени од Стратфор Глобал Интелиџенс, приватна фирма со седиште во САД

Веб-страницата Викиликс вели дека започнала со објавување на повеќе од пет милиони документи од Стратфор Глобал Интелиџенс, приватна фирма со седиште во САД, која обезбедува стратегиска анализа.

Викиликс на нивната веб-страница вели дека документите даваат информации за „мрежа од информанти, структура, техники за перење пари од исплати и психолошки методи“. Исто така се вели дека и-меиловите содржат привилегирани информации за американските владини напади на основачот на Викиликс Џулијан Асанџ и сопствените обиди на Стратфор да направи субверзија на Викиликс.

Рано во понеделник Стратфор призна дека има некои нивни документи кои ќе бидат објавени и ја осуди активноста на Викиликс.

XS
SM
MD
LG