Линкови за пристапност

Најнова студија укажува дека на можно продолжување на животниот век кај овие лица, доколку земаат мала доза на лекот.

Веќе подолго време е познато дека мала дневна доза на аспирин може да го намали ризикот од срцево заболување дури и рак на дебело црево.

Според најнова студија, лековите против болка можно е исто така да го зголемат животниот век на пациенти болни од рак и до 20 проценти, доколку тие пациенти истовремено примаат и хемотерапија.

Питер Елвуд е епидемиолог во Школата за медицина при Универзитетот Кардиф во Велика Британија. Пред 40 години, бил инволвиран во првата студија за истражување на корисните ефекти на аспиринот во превенција на срцевите заболувања.

Тимот на Елвуд евалуирал 47 студии, барајќи докази дека аспиринот им помага на лицата болни од рак.

„Постојат докази за намалување на смртните случаи кај пациентите болни од рак за 15 до 20 проценти, како и намалување на метастазирањето, сето тоа со мала доза на аспирин“, смета Елвуд.

Кога вели мала доза, тој мисли на 81 милиграм, или доза аспирин за бебиња.

Студијата ги следеле пациентите болни од рак во период од пет години. Бенефиции од малите дози на овој лек биле пронајдени и кај лицата болни од рак на дојка и простата.

Елвуд сепак повикува на претпазливост.

„Доколку ме прашате лично, ако имав рак, немаше да се двоумам да земам аспирин, меѓутоа не го препорачувам. Сакам луѓето да имаат докази и самите да си ја донесат одлуката“.

Единствениот голем ризик, вели овој експерт, е дека аспиринот може да предизвика крварење на органите за варење, но додава дека доколку ова се случи, мали се шансите за смртност.

XS
SM
MD
LG