Линкови за пристапност

Гејтс: САД одат на безбедносната азиска конференција за зајакнување на партнерствата


Гејтс: САД одат на безбедносната азиска конференција за зајакнување на партнерствата

Гејтс: САД одат на безбедносната азиска конференција за зајакнување на партнерствата

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека сака да изгради релации со државите во Азија за да се работи на широка лепеза на идни предизвици во регионот. Пред петочното отворање на најзначајната безбедносна конференција на Азија, Гејтс рече дека Вашингтон планира да остане партнер на кого може да сметаат неговите сојузници.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека оди на Шангри-Ла дијалогот во Сингапур со порака дека Вашингтон ќе продолжи да ги гради односите со своите азиски сојузници и покрај потенцијалните буџетски ограничување.

Оваа година Кина во Сингапур го испраќа министерот за одбрана Лианг Гуангли, кој е највисок кинески претставник кој присуствувал на годишната безбедносна конференција. Гејтс и Лианг се очекува да имаат билатерална средба во петок.

Зборувајќи со новинарите на пат за конференцијата во четврток, Гејтс рече дека е многу задоволен од прогресот на односите на Вашингтон со Пекинг, но дека гледа место за подобрување меѓу нивните две армии.

Тој вели дека продолжување на дијалогот е важо за тој однос, особено што Пекинг и Вашингтон не се на иста линија за американската продажба на оружје на Тајван.

„Под тие околности, има вредност во продолжување на дијалогот од двете страниза тоа што точно е нашата загриженост, кои се проблемите и како може да ги намалите грижите на двете страни“, кажа Гејтс.

Тој вели дека Вашингтон останува загрижен за кинеското армиско истражување, како на пример за против-бродски проектили и стелт борбени авиони.

Но тој вели дека не верува оти Кина има намера да ги употреби тие проекти да им се оневозможи на САД пристап во регионот:

„Мислам дека Кинезите научија добра лекција од советското искуство и немаат намера да се обидат и да се натпреваруваат со нас во целокупните армиски способности. Но мислам дека имаат намера да изградат капацитети што би им дала значителна слобода на акција во Азија и можност да го прошират своето влијание“.

Тоа влијание повремено ги загрижува кинеските соседи и може да биде тема за дискусија во Сингапур.

Од минатата недела има извештаи за кинески бродови кои ги нарушуваат територијалните води на Филипините и Виетнам, со поставување на маркери на мали гребени и острови или со протерување на нивните бродови.

Владите на Филипините и Виетнам испратија претставници на Дијалогот во Шангри-Ла.

XS
SM
MD
LG