Линкови за пристапност

Интеграцијата на Западниот Балкан е во интерес на ЕУ


Интеграцијата на Западниот Балкан е во интерес на ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00

Кетрин Ештон, поранешната шефица на европската дипломатија во Вашингтон рече дека државите од Западниот Балкан припаѓаат на европскиот блок

Европската унија успешно се справи со неколку надворешни предизвици, меѓу кои Договорот за нуклеарно оружје со Иран и бегалската криза. Денес е исправена со нови, како Брегзит, кризата во Украина, но и напорите за проширување на Унијата. Поранешната шефица на европската дипломатија Кетрин Ештон смета дека државите од Западниот Балкан припаѓаат на ЕУ:

„Ќе бидат потребни неколку години тоа да постигне. Европа треба да продолжи да верува дека тоа треба да се случи. Поважно е државите од Западниот Балкан да сфатат дека тоа е добро за нивната иднина, посебно економската.“

Интеграцијата на Западниот Балкан е во интерес и на безбедноста на ЕУ, и ако самата Унија не ги држи вратите отворени, се создава простор за прифаќање на автократски агенди:

„Европската Унија посакува мир и безбедност на нејзините граници. Државите да се држат до одредени вредности и да придонесуваат за граѓаните на најдобар можен начин. Демократскиот начин на живот е најдобра опција.

Државите поминуваат низ историски циклуси, се менуваат влади, Европа знае какви брзи промени се случија за кус период вели Ештон, и додава дека балканските држави треба да бидат примени во ЕУ, за да придонесат за заедничката безбедност.

Ештон зборуваше на панел дискусија за насоката во која ќе се движи надворешната политика на ЕУ организирана

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG