Линкови за пристапност

Џулијан Асанж на распит по обвиненијата за силување


На 14-ти ноември во еквадорската амбасада во Лондон основачот на Викиликс ќе биде испитан од страна на шведските власти во врска со наводите за силување

„Еквадор го прифати барањето на шведските власти да помогне во истрагата. Распитот ќе биде спроведен од страна на обвинител од Еквадор“, стои во соопштението објавено во понеделникот од Кабинетот на шведското јавно обвинителство.

Исто така доколку Асанж се согласи, ќе му биде земен и ДНК примерок, се вели во соопштението.

Четириесет и пет годишниот Австралијанец беше обвинет за силување во Шведска во 2010-та. Одбива да се врати таму бидејќи според него, властите ќе го екстрадираат во САД, каде се товари за објавувањето на преку 500.000 тајни документи за војните во Ирак и Авганистан.

Адвокатите на Асанж го поздравија распитот.

„Ние ова го бараме уште од 2010-та“, вели Пер Самуелсон.

„Џулијан Асанж отсекогаш сакаше да ја каже својата верзија пред шведската полиција. Сака да си го поврати достоинството и се надеваме дека конечно ќе има разрешница на случајот“, коментира Самуелсон.

Изминатиов период Викиликс повторно беше во фокусот на светските вести откако објави илјада хакирани меилови на Демократската партија во САД, како и на членови на претседателската кампања на Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG