Линкови за пристапност

Жалбата на Асанџ одбиена


Жалбата на Асанџ одбиена

Жалбата на Асанџ одбиена

Основачот на Викиликс Џулијан Асанџ треба да биде екстрадиран во Шведска, одлучи жалбен суд во Британија.

Високиот суд во Лондон во среда донесе одлука дека основачот на Викиликс Џулијан Асанџ треба да биде екстрадиран во Шведска за да се соочи со сексуални обвиненија.

Шведските власти го бараат Асанџ за испрашување во врска со наводно силување на една жена и сексуално напаствување на друга. Инцидентите од 2010-та наводно се случиле во Стокхолм.

Асанџ тврди дека обвиненијата биле политички мотивирани и негира секаква незаконска активност во двата случаи.

Четириесетгодишниот Асанџ во моментов е ослободен со кауција во Британија.

Викиликс објави стотици класифицирани документи подигнати од компјутерски досиеја на американски дипломатски и армиски операции.

Американските власти истражуваат дали Асанџ прекршил некои закони.

Пред две недели Асанџ кажа дека неговата организација суспендира натамошно публикување на тајни документи со цел да се концентрира на собирање пари за натамошно функционирање. Асанџ кажа дека финансиската блокада од американски компании како Visa, Mastercard и PayPal значи дека Викиликс ќе мора агресивно да се фокусира на прибирање средства.

XS
SM
MD
LG