Линкови за пристапност

Претседателот на Сирија негира одговорност за насилството


Претседателот на Сирија негира одговорност за насилството
Претседателот на Сирија негира одговорност за насилството

Сирискиот претседател Башар ал-Асад негираше дека наредил убивање на илјадници антивладини протестанти, велејќи на американски новинар дека тој не ги контролира силите кои имплементираат брутално задушување на протестите во неговата земја.

Во ретко интервју емитувано во среда, Асад за ЕјБиСи Њуз рече дека иако тој е претседател сепак државата не е во негова сопственост, и „тоа не се мои сили“. Сирискиот лидер кажа дека има „голема разлика“ меѓу „имањето политика за задушување и грешките што ги направиле некои официјални лица“.

Асад изрази сомневање во цифрата на загинати на ОН - 4.000 откако еруптираше насилството во март, велејќи дека најголем дел од жртвите биле владини поддржувачи. Тој исто така ја негираше веродостојноста на тврдењата за 13-годишно момче чија смрт ги галванизираше протестите и го запали светското мислење, зашто наводно било убиено откако било погодено, запалено и кастрирано.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер го повтори американскиот став дека Асад е ангажиран во брутално задушување на мирно опозиционо движење. Тој рече дека за него е „смешно“ што сирискиот претседател се обидува „да се скрие зад шарада дека нема моќ во неговата сопствена држава“.

XS
SM
MD
LG