Линкови за пристапност

Што изјави Ѓорге Иванов, претседател на Македонија?


Изјава на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

„Во согласност со Член 84 од Уставот на Република Македонија, јас нема да определам мандат за состав на Влада на Република Македонија на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста. Туѓи пост-изборни платформи не можат и не смеат да бидат основа за формирање на Влада на Република Македонија.

Ние немаме резервна држава. Република Македонија е единствената држава што ја имаме. И немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на се` уште неродените, на нашите деца и потомци. Затоа, сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни. Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек, ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија“, кажа во својата изјава претседателот Иванов, објаснувајќи зошто не може да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG