Линкови за пристапност

Интернет-протест


Интернет-протест

Интернет-протест

Зацрнети или блокирани страници поради легислатива во Конгресот.

Зацрнети или блокирани страници, со линкови до петиции се глетката што денес ги пречека корисниците на Интернет во САД. Неколку поголеми страници со тоа протестираат против легислативата за борба против пиратството што ја разгледува американскиот Конгрес.

Интернет-енциклопедијата Википедија ја блокираше англиската верзија во рок од 24 часа, исто како и блогот Боинг Боинг. Популарната страница за пребарување Гугл го замени вообичаено шаренолико лого со црна лента што симболизира цензура. Ова е само дел од протестите на Интернет против Актот за запирање на пиратството нма Интернет (СОПА), што во моментов се наоѓа на разгледување во Претставничкиот дом, како и Актот за заштита на интелектуалната сопственост (ПИПА), што е во Сенатот. Предлог-мерките беа креирани за да ја спречат продажбата на пиратски американски производи во странство. Мерката во Претставничкиот дом во моментов вклучува одредба со што страниците што содржат пиратска содржина би биле ставени на црна листа.

Легислативата ја поддржуваат филмската и музичката индустрија, сметајќи дека мерките се потребни за да се заштити интелектуалната сопственост и работните места.

Технолошките компании, како Гугл, и други Интернет- гиганти, како Јаху и Твитер, тврдат дека доколку биде усвоена, мерката може да и` наштети на технолошката индустрија и да се одрази на слободата на говор.

Минатата недела Белата куќа објави дека пиратеријата на Интернет од страна на странски веб-страници претставува сериозен проблем што налага сериозен легислативен одговор. Во соопштението стои дека САД нема да поддржат легислатива што би значела намалување на слободата на изразување, зголемување на ризикот во кибернетскиот простор или поткопување на динамичниот, иновативен глобален Интернет.

XS
SM
MD
LG