Линкови за пристапност

Каматата за куќа за првпат под 4%


Каматата за куќа за првпат под 4%

Каматата за куќа за првпат под 4%

Дали најниското ниво последниве 40 години ќе го поттикне пазарот на домување?

За првпат во историјата на САД, каматата за домување во САД падна под 4%.

Големата финансиска компанија Фреди Мек, која добива владина поддршка, четвртокот соопши дека просечната каматна стапка на вообичаениот кредит за дом паднала на 3,94%. Ова е најниско ниво што компанијата го забележала во последните 40 години, колку што води евиденција.

Падот навидум би требало да значи дека последниот потег на Федералните резерви – американската централна банка, дава резултати. Банката неодамна започна да продава краткорочни обврзници и да купува долгорочни хартии од вредност, во обид да го поттикне тешко погодениот пазар на домување.

XS
SM
MD
LG