Линкови за пристапност

Објавени детали за допингот на Армстронг


Американската агенција за борба против допингот вели дека велосипедскиот тим предводен од седумкратниот победник на Тур де Франс бил инволвиран во софистицирана допинг програма.

Шефот на Американската агенција против допинг Травис Тајгарт кажа дека користењето на супстанци за засилување на перформансот на велосипедистот Ленс Армстронг било „најпрофесионализирана и успешна допинг програма што спортот до сега ја видел“.

Агенцијата му ги одзеде титулите на Армстронг од победите на Тур де Франс, и во среда го објави извештајот од над илјада страници докази и сведочења од 26 лица, вклучувајќи и поранешни членовио на тимот на Армстронг и други велосипедисти.

Тајгарт кажа дека имало „кодекс на молчење“ во американската велосипедска програма што ги спречувало спортистите да ги пријават случаите на допинг.

Армстронг тврдеше дека е невин во текот на целата истражна постапка, но на крајот изјави дека е уморен од борбата против обвиненијата и дека веќе нема да одговара.
XS
SM
MD
LG