Линкови за пристапност

Успешна трансплантација на две раце


Операцијата траела 40 часа, а била изведена од тим од 60 хирурзи

Тим на лекари извршиле трансплантација на двете раце на американски маринец кој ги загубил екстремитетите при експлозија во Авганистан.

Џон Пек, кој беше повреден во 2010-та, беше опериран во болница во Бостон.

Пек остана без двете нозе и левата рака како последица од експлозијата. Поради инфекција и неговата десна рака морала да биде ампутирана. Три месеци бил во кома.

Четиринаесет часовната операција била изведена летото, од страна на тим составен од 60 хирурзи, медицински сестри и друг медицински персонал.

Ќе биде потребно одредено време додека се воспостават нервните врски за Пек да може да ги користи новите екстремитети.

Во меѓувреме тој користи држачи со цел да ги заштити рацете. Може да помине цела година додека почне да ги чувствува новите прсти.

Во светот на помалку од 100 луѓе им е извршена трансплантација на раце.

XS
SM
MD
LG