Линкови за пристапност

Арифи и Пангалос во среда ќе се сретнат во Атина


Арифи и Пангалос во среда ќе се сретнат во Атина
Арифи и Пангалос во среда ќе се сретнат во Атина

Арифи: Билатералните контакти се неопходни за јакнење на довербата меѓу двете страни

Долго најавуваната средба меѓу вицепремиерите на Македонија и Грција, Теута Арифи и Теодорос Пангалос, ќе се оствари во среда во Атина. Веста дека Пангалос ја прифатил понудата за средба денеска беше потврдена од кабинетот на вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи. Ова барање за средба таа го упати уште во октомври. Барањето уследи, како што известија од кабинетот на Арифи, заради тоа што сметаат оти билатералните контакти се неопходни за јакнење на довербата меѓу двете страни и за создавање позитивна атмосфера за решавање на спорот со името.

Позитивниот одговр на Пангалос уследи откако во декември барање за ваков директен контакт од премиерот Груевски одбија новиот грчки премиер Пападимос и лидерот на Неа Демократија, Андонис Самарас. Најави за директни контакти како штто јавуваат медиумите има и од кабинетот на минстерот за одбрана Фатмир Бесими кој наскоро би требало да има средба со неговиот грчки колега.

Средбата меѓу Арифи и Пангалос во среда ќе се случи и по се` погласните барања на меѓународните фактори пресудата од Хаг да биде искористена како катализатор на процесот за изнаоѓање на компромисно решение за името кое на Македонија би и ги отворило вратите на НАТО и ЕУ.

При последната посета на Скопје, заменикот државен секретар на САД, Филип Рикер порача дека приемот на Македонија во НАТО ќе се случи на Самитот на Алијансата во мај во Чикаго само ако претходно биде изнајдено решение за дводеценискиот спор за името. Слична порака за почеток на преговри со ЕУ стигна и од данското претседателство на ЕУ.

XS
SM
MD
LG