Линкови за пристапност

Триесет години од конфликтот за Фокландските Острови


Претседателката на Аргентина бара разговор за судбината на архипелагот.

Претседателката на Аргентина Кристина Фернандез ја искористи 30-годишнината од крајот на конфликтот за Фокландските Острови да побара од Британија да започне официјални разговори со нејзината земја за судбината на проблематичниот архипелаг.

Бараме само разговор. Не бараме да биде кажано дека ние сме во право и дека Малвините се аргентински

Фернандез барањето го изрази во четвртокот за време на појавување пред Комисијата за деколонизација, во ОН. Таа инсистиреше дека Аргентина не сака нови војни за островите, туку едноставно се залага за дијалог за островите, кои во Аргентина се нарекуваат Малвини.

„Бараме само разговор. Не бараме да биде кажано дека ние сме во право и дека Малвините се аргентински“, рече таа.

Постојаниот претставник на Велика Британија Марк Лајл рече дека Британија е подготвена да разговара со Аргентина по многу прашања, но дека не е подготвена да преговара за суверенитетот без да ги инволвира трите илјади жители на Фокландските Острови.

Фокландските Острови се британска територија со самоуправа, од војната во 1982.
XS
SM
MD
LG