Линкови за пристапност

Останките на Арафат ексхумирани


Примероци се земени од меѓународни стручњаци кои ќе бараат знаци за причината за смртта на палестинскиот лидер.

Палестински официјални лица велат дека меѓународни експерти повторно ги погребале останките на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат по ексхумирањето на неговото тело со цел да се испита за знаци кои ќе покажат што било причина за смртта.

Официјални лица соопштија дека ексхумирањето било извршено рано во вторник од масивниот мавзолеум на Западниот брег, во Рамала.

Примероци од останките беа предадени на француски, швајцарски, руски и палестински стручњаци кои ќе ги испитаат во нивните земји.

Француски официјални лица наредија истрага за смртта на Арафат порано годинава, откако е откриен плутониум, смртоносна радиоактивна супстанца, на облеката на Арафат што била обезбедена од вдовицата.

Плутониумот брзо се разградува, и некои стручњаци велат дека не е јасно дали земените примероци ќе бидат доволни за тестирање.

Арафат умре во Франција во 2004, кусо време откако се разболе од мистериозна болест.

Постои упорна шпекулација во Арапскиот свест дека Израел го отрул, но Израел ги негира таквите наводи.
XS
SM
MD
LG