Линкови за пристапност

2011-та – Година на Арапската пролет


2011-та – Година на Арапската пролет
2011-та – Година на Арапската пролет

Бранот на народни востанија што го потресе арапскиот свет беше исто толку неочекуван колку што беше катаклизмичен. Долгогодишните владетели паднаа, други едвај се одржуваат, но регионот засекогаш е променет.

Арапската пролет започна со смрт: на почетокот на јануари протестанти излегоа на улиците на Тунис во знак на солидарност со млад продавач на овошје кој очаен заради бруталниот систем под кој живеел, се самозапалил.

Тоа беше смрт што даде живот на движењето кое го промени курсот на Блискиот исток и Северна Африка

Со децении политичкиот живот во регионот стагнираше. Иако номинално републики, во овие држави власта беше во рацете на неколкумина богати луѓе со кралски аспирации за нивните синови да продолжат да ја водат државата. Но, многу нешто оттогаш се промени.

Револтот против тиранијата, што тлеел со години, достигна кулминација. За многумина од тука немаше враќање.

Хеба Морајеф, од Хјуман рајтс воч, вели дека една од сцените што ги видовме во многу држави на арапската пролет, прво во Тунис, а потоа во Египет, Либија и Сирија, беше: млади луѓе решени да умрат за идеалите за слобода, пред вперени пушки од обезбедувањето!, храброст до сега невидена, што ја поттикна Арапската пролет.

Протестантите учеа еден од друг, зашто се бореа за исто. Долгогодишното раководство на овие држави имаше заеднички именител – репресија, што ги собори.

Саид Садек, од Американскиот универзитет во Каиро вели дека тие сите имале ист систем – армија, разузнавање, полициска држава, како во Тунис, Египет, Јемен, Либија, така што лесно се ширеа протестите и владетелите паѓаа како домино.

Востанијата ги променија не само владетелите на тие држави, туку ги разнишаа и долготрајните алијанси.

Морајеф од Хјуман рајтс воч вели дека тоа донело чувство на непредвидливост за Блискиот исток, што изгледал како стабилен регион, зашто авторитарни владетели ја предаваа власта на нивните деца и меѓународната заедница можела да се потпре на одередени пријатели во регионот кои можеа да гарантираат стабилност.

Тоа на Блискиот исток веќе не постои.

Уште не се знае дали протестите ќе донесат транзиција кон посакуваните претставнички влади. Некои на подемот на исламистички партии во Тунис и Египет гледаат како на закана за транзицијата кон демократија.

За други во регионот – борбата продолжува.

Но една работа е сигурна – тие бестрашни млади луѓе сега се избирачи, на кои секој нов арапски лидер треба да смета.

XS
SM
MD
LG